вторник, 20. април 2021. Вести денес: 0
home Фудбал

Флорентино Перез позитивен на коронавирус

Флорентино Перез позитивен на коронавирус

Првиот човек на шпанскиот фудбалски клуб Реал Мадрид, Флорентино Перез, е заразен со коронавирус, соопшти за мадиумите актуелниот шпански фудбалски првак.

„Нашиот претседател Флорентино Перез периодично се тестира на Ковид-19 и неговиот последен тест е позитивен, иако тој не покажува  никакви симптоми и нема посериозни здравствени компликации“, се наведува во клупското соопштение .

Пред него, позитивен на коронавирус во редовите на Реал Мадрид беше и тренерот Зинедин Зидан поради што последните два натпревари на екипата ги водеше неговиот помошник Давид Бетрони.

Коронавирус