петок, 20. мај 2022. Вести денес: 127
home Фудбал

Флорентино Перез го продава Еден Азар

Флорентино Перез го продава Еден Азар
1351843749

Реал Мадрид го освои Суперкупот на Шпанија откако во Саудиска Арабија беше подобар и од големиот ривал Барселона, а во финалето и од Атлетик Билбао. Тренерот Карло Анчелоти повторно не го користеше Еден Азар, а лекарскиот тим препочарува дека тој ќе мора да замине на нова операција за да ги санира хроничните болки во скочниот зглоб.

Сепак, трпението на Реал Мадрид со Белгиецот е на самиот крај. Претседателот Флорентино Перез одлучил да го продаде Еден Азар во зимскиот преоден рок. Перез сака да оформи што е можно поголем фонд за ангажман на Килијан Мбапе на лето.

Засега најзаинтересиран клуб за услугите на Њукасл е Еден Азар, но тој преферира да се врати во Челси. Неговиот агент веќе води разговори со раководството на англискиот премиерлигаш за негово враќање на „Стемфорд бриџ“.

Коронавирус