Фудбал барса

Флик: Стилот на игра против Валенсија е тоа што го сакам во Барса!

Барселона ја продолжи одличната серија во 2025 година и се пласира во полуфиналето на Купот на Кралот. Победата од 0-5 во Валенсија ги донесе Каталонците на чекор до трофејот.

Тренерот Ханси Флик беше презадоволен од победата и ги пофали своите фудбалери.

„Многу сум среќен како одигравме. Почнавме силно и создадовме голем број на шанси. Ова е стилот на игра што сакаме да го видиме. Секогаш барам да дејствуваме динамично. Ние сме млад тим и гладни сме за победи.

Понекогаш морам да барам од играчите да бидат повнимателни во последните минути од натпреварите и да ја контролираат ситуацијата на теренот“, истакна Флик.

Ждрепката за полуфиналните парови во Купот на Кралот е закажана за следната среда.

To top