петок, 26. ноември 2021. Вести денес: 152
home Фудбал

Флик го објави списокот на фудбалери со кои ќе настапи против Македонија

Флик го објави списокот на фудбалери со кои ќе настапи против Македонија

Германската фудбалска репрезентација ќе и гостува на Македонија во рамките од квалификациите за  пласман на Светското првенство во Катар.

Тимот предводен од Хенси Флик ќе игра за одмазда за поразот од првата средба во Дуизбург со   2-1.

Германскиот селектор го објави списокот фудбалери со кои ќе гостува во Скопје. Во тимот се враќа голманот Тер Штеген, а ќе го нема и искусниот Матс Хумелс.

Еве го и комплетниот список на играчи:

  • Голмани: Лено, Нојер, Тер Штеген
  • Одбрана: Клостерман, Керер, Гинтер, Раум, Рудигер, Шлотербек, Зуле
  • Среден ред: Адејеми, Гнабри, Горецка, Кимих, Хаверц, Хофман, Милер
  • Напад: Нojхаус, Мусиала, Ројс, Сане, Вирц, Вернер

Натпреварот меѓу Македонија и Германија се игра на 11 октомври. Претходно, нашата репрезентација ќе и гостува на селекцијата на Лихтенштајн.

Коронавирус