петок, 23. јули 2021. Вести денес: 25
home Фудбал

ФК Вардар добива нов газда, проектот е веќе на маса

ФК Вардар добива нов газда, проектот е веќе на маса

Фудбалскиот клуб Вардар наскоро добива нов газда. Работите за преземањето на сопственичката структура од Сергеј Самсоненко се пред финализизација и се наѕира договорот да се добие нов сопственик за следната сезона во која „црвено-црните“ ќе играат во ВМФЛ-Запад.

Прв човек на хартија според најавите ќе биде Слободан Крстевски, инаку сопственик на компанијата „Блу Скај“. Во тимот ќе има вклучено и други познати македонски личности од фудбалот, а проектот за иднината на клубот е спремен и веќе е на маса.

Целта на новото раководство ќе биде враќање на Вардар во ПМФЛ. Дефиниран е и стручниот штаб, се очекува ново име на клупата да биде Горан Симов, инаку доскорешен стратег на Силекс, а планот е и неколку квалитетни засилувања со кои Вардар би имал нешто полесна задача да го мине второлигашкото друштво. Неколку искусни фудбалери се веќе во комбинација, но сите работи ќе бидат појасни наскоро.

Деталите околу преземањето на Вардар од страна на новата фирма се очекува да бидат познати до петок. Се очекува да биде преземен и актуелниот долг кој настана во изминатите години.

Коронавирус