петок, 14. мај 2021. Вести денес: 0
home Фудбал

Финалето од Лига Европа оваа година ќе се игра пред 10.000 навивачи

Финалето од Лига Европа оваа година ќе се игра пред 10.000 навивачи

9.500 навивачи ќе може да го следат финалниот натпревар во Лигата на Европа кој оваа година ќе се игра во полскиот град Гдањск,објави УЕФА откако доби дозвола од локалните власти..

Како што наведе УЕФА, полските власти дозволија стадионот во Гдањск да биде исполнет до 25 проценти од вкупниот капацитет кој изнесува 40.000 седишта за натпреварот кој ќе се одигра на 26. мај.

Еден финалист е речиси познат, тоа е Манчестер јунајтед кој во првиот полуфинален натпревар со убедливи 6:2 ја совлада Рома, додека второто полуфинале сеуште е неизвесно каде Виљареал на реваншот во Лондон против Арсенал има предност од 2:1.

УЕФА потврди дека на натпреварот во Гдањск ќе може да дојдат и навивачи кои не живеат во Полска, а секој од клубовите финалисти ќе добие по 2.000 билети за своите навивачи.

Уште 2.000 билети ќе бидат пуштени во продажба за локалните полски навивачи, додека останатите 3.500 билети УЕФА ќе им ги подели на своите комерцијални партнери, на носителите на ТВ правата како и на фудбалските федерации.

 

Коронавирус