вторник, 15. јуни 2021. Вести денес: 33
home Фудбал

Финалето од фудбалската ЛШ во Бирмингем?

Финалето од фудбалската ЛШ во Бирмингем?

Според „Скај Спорт“, фудбалскиот клуб Астон Вила се обратиле на (УЕФА) и на Англиската фудбалска асоцијација со предлог финалето на Лигата на шампионите оваа сезона да се игра на нивниот стадион.

Според планираното домаќини на Челзи и Манчестер Сити треба да биде стадионот „Ататурк“ во Истанбул.

Без разлика што УЕФА пред извесен период потврди дека овој дуел и дефинитивно ќе се игра во Истанбул, раководството на Астон Вила смета дека најбезбедно решение е финалето да се игра во „Вила Парк“, со образложение дека во тој случај англиските фанови нема да мораат да патуваат во Турција.

Според последните најави на „Ататурк“ ќе бидат присутни 25.000 гледачи, од кои по 4.000 билети ќе бидат доделени на финалистите.

Единствената причина за промена на местото на финалето во Лигата на шампионите може да биде одлуката на турските власти дека не постојат услови за одржување на ваков настан и дека не може да се гарантира безбедноста на учесниците и навивачите.

ЕУРО 2020

Македонија