петок, 30. октомври 2020. Вести денес: 0
home Фудбал

Финалето на Купот на Македонија ќе биде пренесувано и на знаковен јазик

Финалето на Купот на Македонија ќе биде пренесувано и на знаковен јазик

Фудбалската федерација на Македонија во соработка со Национална спортска федерација на глуви на Македонија за прв пат ќе обезбеди директен пренос од фудбалски натпревар на знаковен јазик наменет за заедницата на глувонеми кои ќе го следат натпреварот во живо.

Во обезбедувањето знаковен превод на финалето меѓу Пелистер и Шкендија, ФФМ ќе ја промовира визијата за создавање еднакви можности за сите и почит кон сите вклучени во фудбалската игра.

-Како најголема спортска федерација во државата наша должност е во рамки на нашата социјална одговорност да бидеме еден вид двигатели на вредностите кои ги почитуваат и вклучуваат сите категории на граѓани. На овој начин ќе го збогатиме доживувањето кое го носи фудбалот за глувонемите ѓраѓани во нашата земја. Се надеваме дека со овој чекор ќе бидеме поттик и за останатите организации да дадат придонес во инклузивноста на тие групи во рамките на нивното поле на делување, изјави Филип Поповски, генерален секретар на ФФМ.

Финалето од националниот фудбалски куп е закажано за утревечер (20 часот) во Струмица.

Коронавирус