понеделник, 27. септември 2021. Вести денес: 81
Во живо

Данела Арсовска ја почнува изборната кампања

home Фудбал

Финалето на Купот на Америка ќе се игра на „Маракана“

Финалето на Купот на Америка ќе се игра на „Маракана“

Последниот натпревар од Купот на Америка ќе се одржи на 10 јули на стадионот „Маракана“ во Рио де Жанеиро, соопштено е на веб-страницата на Јужноамериканската фудбалска конфедерација (КОНМЕБОЛ).

Турнирот ќе се одржи во Бразил од 13 јуни до 10 јули.

Воведниот натпревар ќе се одржи на стадионот „Гаринча“ во главниот град на Бразилија. Во него домаќините на турнирот ќе се сретнат со репрезентацијата на Венецуела.

Првично, Купот на Америка требаше да се одржи во Колумбија и Аргентина. Колумбија беше лишена од ова право поради масовните протести во земјата, а Аргентина поради неповолната епидемиолошка состојба со коронавирус.

Коронавирус