петок, 27. ноември 2020. Вести денес: 151
home Фудбал

ФИФА знае кој ќе биде новиот светски првак: Фудбалскиот свет ќе добие нов шампион

ФИФА знае кој ќе биде новиот светски првак: Фудбалскиот свет ќе добие нов шампион

Фифа претходните две првенства точно прогнозираше кој ќе ја освои титулата, а сега титулата ја резервираа за репрезентацијата на Франција.

Французите ќе го кренат победничкиот пехар на крајот на Светското првенство во Русија, ако се прашува ЕА Спортс и нивната симулација на сите натпревари на првенството.

Фифа 18 ќе добие бесплатен додаток во кој ќе може оние кои ја имаат купено играта да го одиграат целото првенство, а во основа се додава цела нова игра, што и ја користеа во симулацијата на првенството.

На симулацијата до полуфиналето стигнаа само европски репрезентации. Французите ја поразија Белгија, а Германија беше подобра од Шпанија. Во симулираното финале победникот не беше познат ниту по продолженијата, па се шутираа пенали, а Франција славеше со резултат 5-4. Најдобри стрелци на симулираниот турнир беа Гризнам и Иско.

Инаку, Фифа пред четири години точно прогнозираше дека Германија ќе биде шампион, а во 2010 дека Шпанија ќе ја освои титулата.

Коронавирус