Светската фудбалска федерација ФИФА поради финаниски малверзации му изрекла суспезија во траење од 5 години на претседателот на Африканската конфедерација Ахмад Ахмад (КАФ).
На првиот човек на фудбалот во Африка му се забрануваат сите активности повразни со спорт во нарединте 5 години, тој воедно е казнет и парично со 185 000 евра, навела Светската фудбалска федерација, Ахмад е потпретседател на ФИФА.
Одборот за етика на ФИФА утврдил дека Ахмад „ги прекршил своите должности на лојалност, нудел подароци и други поволности, лошо управувал со средствата и ја злоупотребил својата положба на претседател на КАФ.
Ахмад беше претседател на Афиканската фудбалска конфедерација од 2017 година, а имал намера да се кандидира за уште еден мандат.