понеделник, 25. октомври 2021. Вести денес: 134
home Фудбал

ФИФА тврди: Светско на секои две години, така сакаат навивачите!

ФИФА тврди: Светско на секои две години, така сакаат навивачите!

Сè оди до фактот дека ќе го гледаме Светското првенство на секои две години. Идејата се роди, беше турната од земјите од Блискиот Исток и сè чини дека има повеќе поддржувачи.

Впечаток е дека само моќни европски земји се експлицитно против ваквата идеја. ФИФА денеска посочи уште еден адут што зборува во корист на оваа револуционерна промена: „Навивачите“!

„Би-Би-Си“ објави дека од Светската куќа на фудбалот е направено опсежно истражување, анкета меѓу фудбалските фанови кои се во огромно мнозинство за Светското првенство на секои две години, наместо на четири како што беше досега.

Наводно, интервјуирани се 23.000 луѓе од 23 земји, а околу 15.000 навивачи ја поддржуваат идејата за скратување на периодот помеѓу Мундијалите.

– Постојат разбирливи разлики помеѓу таканаречените традиционални пазари и оние кои сè уште се развиваат. Помладите генерации од сите региони се поотворени и заинтересирани за промени отколку постарите генерации – стои во соопштението на ФИФА.

Бројот на учесници се зголемува со години, сега, очигледно, време е да го гледаме Светското првенство почесто отколку во овие скоро 100 години.

Локални избори 2021