понеделник, 20. септември 2021. Вести денес: 66
home Фудбал

ФИФА размислува фудбалскиот Мундијал да се игра на две години

ФИФА размислува фудбалскиот Мундијал да се игра на две години

Претседателот на ФИФА Џани Инфантино за првпат јавно проговори за револуционерниот предлог на Арсен Венгер кој прв и откри на јавноста дека во ФИФА се преговара за воведување на фудбалски мундијал на секои две години, предлог кој претседателот на најважното тело во фудбалот сериозно го разгледува и планира да го воведе.

Светските првенства традиционално низ историјата се одржуваат на секои четири години како уникатно и најголемо натпреварување во фудбалот, но понесени од тоа што многу фудбалски ѕвезди ги завршуваат своите кариери без најголемиот трофеј поради ретките шанси за да се игра на најважниот турнир, во ФИФА се сериозни во намерата да го преполоват чекањето за мундијалски возбудувања.

Венгер кој работи како шеф во ФИФА првпат проговори на оваа тема на средината на месец март, а два месеци подоцна, со изјава се јавува и Инфантино.

– Искрено сметам дека тоа ќе биде добар начин да се промовира фудбалот. Го студираме овој предлог, правиме анализи за тоа како може да ги стимулираме играчите дополнително. Треба да бидеме отворени за нови погледи. Знаеме какво значење има Светското првенство, треба да видиме како би го вклопиле тоа со сите интернационални првенства и во редовниот календар. Навивачите сакаат да гледаат важни натпревари, а нема ништо поголемо од мундијал. Приоритет е спортскиот дел, а не комерцијалниот, – потенцира Инфантино.

Коронавирус