понеделник, 19. октомври 2020. Вести денес: 154
home Фудбал

ФИФА подготвува комплетна промена на Светското клупско првенство

ФИФА подготвува комплетна промена на Светското клупско првенство

ФИФА ќе понуди обновена верзија на Светското клупско првенство, планирана да започне во 2021 година, да ги вклучува сите шампиони и финалисти во Лигата на шампионите, како и победниците од турнирот Лига Европа за последните четири сезони, вклучувајќи и за годината на одржување на турнирот.

Новото светско клупско првенство ќе се одржува еднаш на секои четири години, а не секоја година, ќе вклучува 31 натпревар и ќе генерира приходи од 650 милиони до 1 милијарда долари, според предлозите на ФИФА.

Покрај европските тимови ќе учествуваат четири или пет тима од Јужна Америка, еден од Океанија и по два од Азија, КОНКАКАФ и Африка. Тие ќе бидат поделени во осум групи од по три тима и победниците ќе се квалификуваат за фазата на елиминации.

Последните четири екипи кои ја освоиле Лигата на Шампионите ќе се квалификуваат директно за турнирот, заедно со финалистите во најпрестижниот фудбалски турнир и со победниците во Лига Европа за последните четири години.

Светското клубско првенство, исто така, ќе ги вклучува победниците на Копа Либертадорес во последните четири години.

Коронавирус