вторник, 11. мај 2021. Вести денес: 71
home Фудбал

ФИФА почна истрага за корупција во Фудбалската конфедерација на Океанија

ФИФА почна истрага за корупција во Фудбалската конфедерација на Океанија

Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) отвори истрага за корупција во Фудбалската конфедерација на Океанија, пренесува АФП.

Сомнежите се појавиле по ревизија на активностите на организацијата. Се верува дека финансиски повреди биле извршени во изградбата на новото седиште на Фудбалската конфедерација на Океанија во Оукленд.

Проверката покажа дека изградбата на новата зграда беше избрана од под изведувачи кои не учествувале во јавните набавки.

Привремено, ФИФА ја прекинува финансиската поддршка на организацијата.

Пред неколку денови, претседателот на Фудбалската конфедерацијата на Океанија, Дејвид Чун, поднесе оставка од лични причини.

МИА

Коронавирус