понеделник, 25. октомври 2021. Вести денес: 145
home Фудбал

ФИФА: Мнозинството навивачи поддржуваат Светско првенство на две години

ФИФА: Мнозинството навивачи поддржуваат Светско првенство на две години

ФИФА денеска соопшти дека резултатите од спроведено испитување на јавното мислење покажуваат дека мнозинство фудбалски навивачи ја поддржуваат идејата светските првенства да се организираат на секои две години.

Предлогот што прв го изнесе шефот за глобален развој на ФИФА и поранешен тренер на Арсенал, Арсен Венгер, наиде на големи критики од УЕФА, КОНМЕБОЛ и Синдикатот на фудбалери ФИФПро.

Европската и Јужноамериканската федерација се заканија со бојкот на мундијали, кои би се играле на две години, но ФИФА не се откажува од идејата, објавувајќи резултати од истражувањето спроведено преку анкетната компанија YouGov.

Според анкетата, од вкупно 23.000 испитаници од 23 држави, 15.000 „изразуваат интерес за фудбал и Светско првенство во фудбал. Резултатите од испитувањето покажуваат дека мнозинството навивачи би сакале почесто да гледаат Светско првенство, а мнозинството анкетирани би преферирале завршен турнир на секои две години“.

ФИФА во соопштението наведе дека „постојат значителни разлики меѓу таканаречените традиционални пазари и фудбалски пазари во развој“, и посочи дека младите навивачи се повеќе отворени за промени.

Локални избори 2021