среда, 20. јануари 2021. Вести денес: 21
home Фудбал

ФИФА: Минута молк за почит кон Марадона пред денешните фудбалски натпревари во ЛШ

ФИФА: Минута молк за почит кон Марадона пред денешните фудбалски натпревари во ЛШ

Со едноминутно молчење ќе биде оддадена почит поради смртта на аргентинскиот фудбалер Диего Марадона денеска на натпреварите од Лигата на шампионите, соопшти УЕФА. Во Лигата на шампиони денска има осум натпревари.

Една од најголемите фудбалски легенди, поранешниот бразилски репрезентативец Едсон Арантес до Насименто, попознат како Пеле, изрази жалење за смртта на Диего Марадона.

„Дефинитивно ќе ја шутираме топката на небото заедно еден ден“, рече Пеле во кратката изјава дадена од неговиот претставник за британски медиуми.

Еден од најдобрите светски фудбалери на сите времиња, Аргентинецот Диего Армандо Марадона почина денеска на 60-годишна возраст како резултат на срцев удар, потврди неговиот адвокат.

Марадона се бореше со здравствени проблеми во последно време, а пред неколку недели беше подложен на операција за субдермален хематом на мозокот. (МИА)

Коронавирус