петок, 27. ноември 2020. Вести денес: 109
home Фудбал

ФИФА ќе дава милиони за поддршка на играчи без плата

ФИФА ќе дава милиони за поддршка на играчи без плата

ФИФА ќе издвои 16 милиони долари за да им помогне на играчите кои не добиле плата од своите клубови. Финансирањето ќе опфати период до 2022 година, а ќе се формира и посебен комитет од Светската фудбалска централа, заедно со ФИФПро (Светската асоцијација на професионални фудбалери) за следење на клубовите и плаќањето на играчите.

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино изјави дека управниот орган сакал да ја покаже својата „посветеност да им помогне на играчите во тешки ситуации“.

Оттаму имаат предвидено посебен буџет од три милиони долари за втората половина од оваа година и четири милиони долари за 2021 и 2022 година. Уште 5 милиони долари се достапни за да се справат со неплатените случаи на плати од јули 2015 година до јуни 2020 година.

– Повеќе од 50 клубови во 20 земји доживеаја сериозни тешкотии во последните пет години, оставајќи стотици играчи вонеизвесност. Овие средства ќе им помогнат на фудбалерите кои имаат најголема потреба, како и на нивните семејства, рече претседателот на ФИФПро, Филип Пијат.

Коронавирус