среда, 16. јуни 2021. Вести денес: 32
home Фудбал

ФИФА ја повикува Швајцарија да продолжи со истрагата за Блатер

ФИФА ја повикува Швајцарија да продолжи со истрагата за Блатер

Светската фудбалска асоцијација ја охрабри швајцарската правда да продолжи со истрагата за поранешниот претседател на организацијата Жозеф Блатер. За ова, ФИФА се обрати до генералниот обвинител на Швајцарија.

-Поднесовме жалба до канцеларијата на јавниот обвинител, со која повикуваме да се продолжи со истрагата во врска со Блатер. ФИФА ќе ги разгледа сите законски опции сторителите да бидат казнети, стои во соопштението.

Претходно беше објавено дека канцеларијата на швајцарското обвинителство планира да го затвори случајот против Блатер. Во 2015 година, тој беше суспендиран од фудбалот осум години. Во 2016 година, овој период беше намален на шест години. Во 2015 година, случајот е отворен против Блатер, кој тогаш беше претседател на ФИФА, за незаконскиот трансфер на два милиони евра на претседателот на УЕФА, Мишел Платини. Платини подоцна беше суспендиран од фудбалските активности.

Покрај тоа, екс-претседателот на ФИФА беше обвинет за измама во продажба на права за радиодифузија на СП 2010 и Светско првенство во 2014 година на Фудбалскиот сојуз на Кариби. (МИА)

ЕУРО 2020

Македонија