вторник, 20. ноември 2018. Вести денес: 85
Breaking news:

Ројтерс: Груевски доби азил во Унгарија

home Фудбал

ФИФА го смени судијата за финалето

ФИФА го смени судијата за финалето

Хрватска во вчерашното полуфинале ја победи репрезентацијата на Англија со 2:1 и обезбеди пласман во финалето на Мундијалот во Русија.

Во недела на стадионот Лужники во Москва, Хрватска и Франција ќе го одиграат натпреварот по кој ќе биде познат светскиот шампион во фудбал.

Освен Англија, Хрватска го елиминираше и Милорад Мажиќ кој се кандидираше да ја дели правдата во финалето. Српскиот судија пред и во текот на Светското првенство во Русија беше во најтесниот круг за избор на судија за судење на финалето.

Сепак, ФИФА за финалето нема да го делегира Мажиќ. Правилата се јасни, судењето е забрането за судија кој доаѓа од исто говорно подрачје како и една од земјите кои се нашле во завршницата.

Сепак, Милорад со останатиот дел од српскиот судиски тим ќе конкурира за судење на натпреварот Белгија-Англија за трето место.

Се шпекулира дека финалето Франција-Хрватска би можело да припадне на Иранец Алиреза Фагханиј, Бразилецот Сандро Ричи или Аргентинецот Нестор Питана.