Светската фудбалска федерација (ФИФА) во Мадрид го отвори првиот курс за лица кои ќе работата со системот за видео помош на судиите (ВАР), објави прес-службата на Федерацијата.
Инструкторите ќе учат како да работат со ВАР и ќе подготвуваат нови експерти.
На церемонијата на отворањето присуствуваа претседателот на Судискиот комитет ФИФА, Пјерлуиџи Колина и директорот на ФИФА, Масимо Бузака.
ВАР технологијата им помага на судиите во носење одлуки при спорни ситуации кои директно влијаат на резултатот.
МИА