недела, 2. април 2023. Вести денес: 28
Во живо

Панел дискусија на ВМРО-ДПМНЕ на тема „Извештај на Стејт Департментот: Сериозна владина и судска корупција“

home Фудбал

ФИФА го одбра да суди на СП, во Саудиска Арабија е под истрага

ФИФА го одбра да суди на СП, во Саудиска Арабија е под истрага

Судијата која Светската фудбалска федерација (ФИФА) го одбрала да дели правда на претстојното Светско првенство е под истрага во Саудиска Арабија.

Фахад ал Мирдаси требаше да го суди финалето во купот в неделата, но е упатен кај истражувачите, соопшти Фудбалскиот сојуз на Саудиска Арабија.

Сојузот не прецизираше за што станува збор, туку само наведе оти истрагата ја одобрил Олимпискиот комитет на таа земја.

Ал Мирдаси е еден од 36. главни судии кого ФИФА го одбра да делат правда на 64 натпревари на СП, кое почнува 14. јуни во Москва.

Тој во минатата година судеше меч за трето место на Купот на конфедерации во кое Португалија го победи Мексико со 2:1 во продолженијата.

Фахад ал Мирдаси судеше и на Олимписките игри во Рио де Женеиро во 2014. Мундијалот во Русија ќе му биде прв во кариерата.