недела, 17. октомври 2021. Вести денес: 247
home Фудбал

ФИФА ги повика сите фудбалски федерации на состанок – ќе се игра ли Светско првенство на секои две години?

ФИФА ги повика сите фудбалски федерации на состанок – ќе се игра ли Светско првенство на секои две години?

ФИФА ги повика водечките фудбалски федерации и организации на состанок на крајот од овој месец на кој ќе се разговара за меѓународниот календар на натпреварувања, вклучувајќи го и предлогот Светското фудбалско првенство да се одржува на секои две години.

Повикот за онлајн состанок на 30 септември е испратен до националните федерации, претставници на фудбалските клубови, лигите, конфедерациите, УЕФА, како и Синдикатот на професионални фудбалери (FIFpro), пренесе денеска британската телевизија Скај Спорт.

– Постои широк консензус во фудбалскиот свет да се реформира и подобри меѓународниот календар на натпреварувања. Ова е една од неколкуте можности да се воспостави конструктивна отворена расправа на светско и регионално ниво, соопшти ФИФА.

УЕФА и Јужноамериканската фудбалска конфедерација (КОНМЕБОЛ) се заканија со бојкот доколку Мундијалот се одржува на секои две години, додека Азиската фудбалска конфедерација и КОНКАКАФ (Конфедерацијата на Северна и Централна Америка и Карибите) го поддржуваат предлогот за промена на форматот на Светското првенство. (МИА)

Локални избори 2021