петок, 29. јули 2022. Вести денес: 65
home Фудбал

ФИА им наложи на тимовите во Ф1 итно да ги решат проблемите со болидите

ФИА им наложи на тимовите во Ф1 итно да ги решат проблемите со болидите

Меѓународната автомобилска федерација (ФИА) најави синоќа итни мерки со цел да се намали „поскокнувањето“ на болидите за време на трките во Формула 1.

Реакцијата на ФИА доаѓа откако возачите на минатонеделната трка за Големата награда на Азербејџан се пожалија на болки во грбот, а најмногу забелешки имаа пилотите на Мекларен, Луис Хамилтон и Џорџ Расел.

Во соопштението се наведува дека ФИА итно реагирала во интерес на здравјето и безбедноста на возачите поради аеродинамичниот феномен што го предизвикуваат силните вибрации во болидите во Формула 1.

– ФИА сака сите тимови да спроведат неопходни приспособувања за да се редуцира и елиминира овој феномен. Планираме да наметнеме квантитативно ограничување на прифатливо ниво на вертикални осцилации на шасиите на болидите. ФИА ќе свика технички состанок со сите екипи за да се дефинираат мерки, кои ќе имаат за цел намалување на овој аеродинамичен феномен, соопшти ФИА,

Во соопштението се нагласува дека ФИА морала да интервенира по спроведените консултации со лекарите, а во интерес на безбедноста на возачите.

Коронавирус