Фудбалската федерација на Македонија е присутна на 75. ФИФА Конгрес, кој се одржува во Асунсион, Парагвај.
Како претставници на ФФМ, на Конгресот учествуваат потпретседателот Марјан Стојкоски, генералниот секретар Леонид Јандреоски и заменик генералниот секретар, Дрилон Ганиу.
Учеството на највисокиот собир на Светската фудбалска асоцијација е можност за размена на искуства, поставување стратешки насоки и унапредување на меѓународната соработка во фудбалот.
Присуството на ФФМ е потврда за активната улога на нашата федерација во глобалните фудбалски процеси и стремежот за континуиран развој на фудбалот во Македонија.