недела, 9. мај 2021. Вести денес: 59
Во живо

ВМРО-ДПМНЕ го одбележува Денот на победата над фашизмот

home Фудбал

ФФМ набави 15.000 топки за клубовите од мак-фудбалот

ФФМ набави 15.000 топки за клубовите од мак-фудбалот

Фудбалската федерација на Македонија ќе донира и веќе е започната распределбата на вкупно 15.000 фудбалски топки (со ознака: FIFA QUALITY PRO “IMS – International Match Standard”) на клубовите од сите категории од натпреварувањата во рамки на ФФМ (ПМФЛ ВМФЛ, Трети лиги, младински конкуренции и Женска фудбалска лига).

Две илјади фудбалски топки ќе се распределат за клубовите од Првата и Втората МФЛ, 11.700 илјади топки се наменети за клубовите од Трета лига, лигите организирани од Општинските фудбалски Сојузи, младински конкуренции и детски лиги, додека 1.300 фудбалски топки ќе добијат клубовите кои се натпреваруваат во женските лиги.

Набавката на досега најголемиот број на фудбалски топки по сите стандарди на ФИФА произведени и со дизајн за ФФМ, Управниот одбор на Федерацијата ја најави кон крајот на минатата година, а во текот на следната седмица клубовите веќе ќе можат да ги користат за тренинзи и натпревари.

Коронавирус