петок, 4. декември 2020. Вести денес: 56
home Фудбал

ФФМ ќе претрпи голема казна: Палестинско знаме на трибините на мечот со Израел

ФФМ ќе претрпи голема казна: Палестинско знаме на трибините на мечот со Израел

Голем инцидент се случи за време на интонирањето на химните вечерва на Националната Арена „Тодор Проески“ во Скопје пред мечот на Македонија и Израел во последното коло во евроквалификациите, откако дел од публиката извади палестинско знаме како провокација за гостите.

Фудбалската федерација на Македонија се соочува со сериозна казна од УЕФА откако неодговорни гледачи на Северната трибина и тоа близу ложата на нашиот наголем стадион, извадија палестинско знаме. Очигледно е дека потфрли обезбедувањето, кое обично детално претресува, па чудно е како успеале провокаторите да прошверцуваат вакво нешто.

На Арената има и претставници на Мосад, безбедносната служба на Израел, има и големо полициско обезбедување, но и тоа не беше пречка за да се извади знамето на Палестина, и тоа сега, во турбулентен период во кој од појасот Газа неодамна имаше ракетен напад кон Тел Авив, а веќе неколку децении трае спорот на Блискиот исток.

УЕФА најстрого забранува политички провокации на натпреварите, па ако делегатот го впише овој инцидент во записникот, ФФМ ја очекува голема казна.

 

Коронавирус