петок, 7. мај 2021. Вести денес: 0
home Фудбал

ФФМ ќе ги плати ПЦР тестовите на сите екипи и службени лица кои ќе се одиграат викендов

ФФМ ќе ги плати ПЦР тестовите на сите екипи и службени лица кои ќе се одиграат викендов

По најновата одлука на Владата, дека мора да има ПЦР тестови за Ковид-19 пред секој меч, Фудбалската Федерација на Македонија веднаш реагираше.

Челниците на федерацијата одлучија за сите мечеви од Првата и двете втори лиги кои се на програмата викендов, сите ПЦР тестови да бидат на сметка на Федерација.

За оваа одлука клубовите се веќе информирани, а тестовите ќе мора да се направат утре и во петок.

Секој клуб мора да пријави по 25 лица за секој натпревар, покрај играчите тука се и тренерите, службените лица од клубот кои ќе бидат тестирани.

Исто така ФФМ ќе ги плати и тестовите на службените лица, тука се мисли на судиите, делегатот, контролорот и слично.

Коронавирус