вторник, 21. септември 2021. Вести денес: 157
home Фудбал

ФФМ казнета со 10.000 евра поради кршење на ковид правилата за време на ЕУРО 2020

ФФМ казнета со 10.000 евра поради кршење на ковид правилата за време на ЕУРО 2020

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), ќе треба да плати казна од 10.000 евра поради прекршување на ковид протоколите за време на Европското првенство.

Како причина се наведува, лошо однесување, и потенцијално кршење на кодексот.

Постапката е против националниот тим, а не против конкретен фудбалет па затоа Фудбалската федерација ќе мора да плати во рок од 90. дена почнувајќи од 10 јули.

Исто така треба да се напомене дека за време на ЕУРО 2020 , тогашниот селектор Игор Ангеловски и репрезентативците ги напуштија хотелите, во Букурешт и Амстердам , што беше спротивно на Ковид-19 протоколите.

Тогашниот селектор Игор Ангеловски заедно со капитенот Горан Пандев заедно беа на вечера, во елитен ресторан во Букурешт, и ги прекршија правилата , а неофицијално дознаваме и дека при редовното тестирање на Македонските фудбалери , еден од репрезентативците дрско се однесувал кон официјалните лица за Ковид-19 тестирање.

Коронавирус