вторник, 19. јуни 2018. Вести денес: 0
home Фудбал

ФФМ ја поддржа заедничката кандидатура на САД, Канада и Мексико

ФФМ ја поддржа заедничката кандидатура на САД, Канада и Мексико

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ја поддржа заедничката кандидатура на САД, Канада и Мексико на Kонгресот на ФИФА кој се одржува во руската престолнина Москва.

Северна Америка ќе биде домаќин на фудбалскиот Мундијал во 2026 година.

На гласањето, САД, Канада и Мексико добија 134 гласа, додека Мароко го поддржаа 65 членки. Една земја остана воздржана и не гласаше за никого.

Мексико досега двапати беше домаќин на СП, во 1970 и 1986, додека САД имаше еден Мундијал, во 1994 година. За Канада ова ќе биде деби на големиот фудбалски настан.

Македонија на Конгресот на ФИФА ја претставуваа претседателот на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски, генералниот сектретар Филип Поповски и потпретседателот на ФФМ, Муамед Сејдини.

Ѓорѓиоски е дел од Комисијата на ФИФА за утврдување на условите кои го нудеа државите кои се кандидираа за домаќини на Светскиот Куп во 2026 година.

Заедно првиот човек на ФФМ, кој е претставник на организацискиот комитет за натпреварување, во комисијата на ФИФА членуваат и Звонимир Бобан, потоа Марко Вилигер, Томаш Весел и Мукул Мудгал.

На само еден ден до почетокот на Светското првенство во Русија челниците на ФИФА ја претставија и новата формула за пресметување бодови според која ќе се формира листата на најдобри репрезентации и изменетата верзија на Етичкиот кодекс.