сабота, 16. јануари 2021. Вести денес: 110
home Фудбал

ФФМ ја одреди цената на билетите за дуелите на македонската репрезентација против Полска и Австрија- еве колку ќе чинат

ФФМ ја одреди цената на билетите за дуелите на македонската репрезентација против Полска и Австрија- еве колку ќе чинат

Македонската фудбалска репрезентација на 7 и 10 јуни против Полска и Австрија ги продолжува Европските квалификации за пласман на ЕУРО 2020. Средбите ќе се играат на Националната арена „Тодор Проески“, а Фудбалската федерација на Македонија ги одреди цените на билетите и тие ќе чинат по 150 денари.

– Ги повикуваме сите љубители на фудбалот и поддржувачи на македонската репрезентација со фер и коректно навивање да им помогнат на „Рисовите“ да дојдат до вредни бодови и дополнително да се приближиме кон врвот во квалификациската група за пласман на ЕУРО 2020. Верните навивачи на нашата најдобра репрезентација од денеска ќе можат да купат билет за натпреварите против Полска и Австрија преку продажната мрежа на „MKTickets“ и на посебен пулт на ФФМ во Скопје Сити Мол. Влезници ќе можат да се купат и на благајната на Националната арена „Тодор Проески“ од 1 јуни (сабота), а од 3 јуни (понеделник) и во Фудбалската федерација на Македонија, „Куќа на фудбалот“, информираат од ФФМ.

По првите две кола „црвено-жолтите“ имаат четири бода (победа над Летонија и нерешено со Словенија).

Коронавирус