вторник, 19. октомври 2021. Вести денес: 0
home Фудбал

ФФМ и претседателот Сејдини и покрај поразот ќе им исплатат премија на фудбалерите

ФФМ и претседателот Сејдини и покрај поразот ќе им исплатат премија на фудбалерите

Македонската фудбалска репрезентација со пораз од Романија со 3-2 ги започна квалификаците за Светското првенство во Катар 2022 година.

Пред натпреварот, претседателот Муамед Сејдини на ФФМ ги информирал фудбалерите дека им следува премија во случај да победат или ремизираат.

Ако славеа нашите фудбалери ќе добиеја 80.000 евра, а во случај на реми 40.000 евра. По финалниот исход, претседателот Сејдини одлучи да им исплати на фудбалерите премија за реми 40.000 евра како награда за добрата игра трудот, борбата и задржување на позитивната атмосфера пред натпреварот против Лихтентајн.

Натпреварот Македонија – Лихтенштајн ќе се одигра в недела од 20:45 часот. Во вторник следи лет за Германија и натпревар против четирикратниот светски првак во Дуизбург.

Фото: ФФМ

Локални избори 2021