понеделник, 18. октомври 2021. Вести денес: 45
home Фудбал

Фетел: Преговарам со Астон Мартин и многу скоро ќе одлучам за иднината

Фетел: Преговарам со Астон Мартин и многу скоро ќе одлучам за иднината

Пилотот на Астон Мартин, Себастијан Фетел, не потврди дека ќе остане во тимот во 2022 година, иако се надева на успешно завршување на преговорите.

– Немам новости. Комуницирам со тимот и мислам дека наскоро ќе добиеме одговор. Но, досега ништо ново. Ние преговараме. Навистина уживам да работам овде, имаме одлична атмосфера и верувам дека тимот ќе има многу светла иднина. Не сум загрижен и чувствувам дека наскоро ќе дознаеме сè, изјави Фетел пред трката во Италија.

Пред сезоната 2021 година во Формула 1 шампионатот, Себастијан потпиша договор 1+1 со тимот, а Астон Мартин допрва треба да го објави списокот за 2022 година.

Локални избори 2021