недела, 2. октомври 2022. Вести денес: 37
home Фудбал

Фернандињо со нов договор, во Сити до 2020 година

Фернандињо со нов договор, во Сити до 2020 година

Бразилецот Фернандињо го продолжи договорот со Манчестер Сити до 2020 година, потврди англискиот клуб.

Фернандино пристигна во Сити летото 2013 година од Шахтјор и ја освои Премиер Лигата и Лига купот, а за неполни пет сезони одигра 150 натпревари и постигна 14 гола.

Оваа сезона во екипата на Пеп Гвардиола ги одигра сите 23 лигашки натпревари.

Фернандино, кој има 41 настапи за репрезентација на Бразил и учество во Мундијалот во оваа земја пред четири години, пред Сити и Шахтјор играше за Атлетико Параненс.

Лидерот на англиското првенство, само два дена пред продолжувањето на соработката со Фернандињо, го стори истото со неговиот соговорник Николас Отаменди, додека на крајот од минатата година го продолжи договорот со Давид Силва.

Коронавирус