недела, 25. октомври 2020. Вести денес: 0
home Фудбал

Фергусон против идејата за европска Суперлига

Фергусон против идејата за европска Суперлига

Легендарниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Сер Алекс Фергусон остро се спротивстави на создавање на европска Суперлига.

Како што е познато, пред неколку дена се појавија вести дека претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез планирал да создаде ваков турнир.

Во него би учествувале најбогатите клубови од топ 5 од првенствата на Стариот континент, но тие ќе треба да ги напуштат своите локални првенства.

– Ги прочитав информациите за создавање Суперлига за елитните европски клубови и како тоа ќе им донесе поголеми приходи. Несомнено идејата е ориентирана кон пари, но дефинитивно нема да биде примамлива за екипите во Премиер лигата, која во моментов е најдобрата во светот. Финансиски е поддржан од Sky, BT Sport и веќе од Amazon. За мене е тешко да видам како еден англиски клуб би се согласил да го напушти шампионатот. Покрај тоа, да се биде во можност да играш во Лигата на шампионите е многу попривлечно за играчите, тренерите и навивачите, бидејќи останува најголемиот тест во клупскиот фудбал. Доста клубови со голема историја може да бидат уништени доколку нивните партнери од Премиер лигата се преселат. Силно верувам дека ова е реална проценка за вредноста на домашниот фудбал“, прокоментира Фергусон.

Коронавирус