петок, 22. ноември 2019. Вести денес: 156
home Фудбал

Ферги ѝ платил операција на очите на 90 годишна бабичка за да го гледа Јунајтед!

Ферги ѝ платил операција на очите на 90 годишна бабичка за да го гледа Јунајтед!

Легендарниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Сер Алекс Фергусон, е познат по многуте анегдоти од периодот кога го имаше последниот збор на „Олд Трафорд“, но малкумина знаат за неговите неверојатни гестови кон најстариот сопственик на сезонски билет за „црвените ѓаволи“. Станува збор за една дама…

Поранешниот новинар на „Лестер Меркури“, Џереми Клеј, објави неверојатната приказна, тврдејќи дека 90-годишната дама постојано се јавувала во неговиот весник и барала од уредниците да пишуваат за Манчестер Јунајтед колку што е можно почесто и што поопширно. Оваа жена, по име Алис, всушност била најстарата сопственичка на сезонски билет во големиот англиски великан.

Алис и Jереми започнале да разговараат, по што дамата му открила дека Сер Алекс Фергусон редовно испраќал минибус по неа пред секој натпревар на „Олд Трафорд“, дури и до источен Мидленд. Секако, со враќање до дома. Секоја сабота или недела се знаело, возилото доаѓа по дамата, во зависност од датумите на кои се играа натпреварите во 90-тите, што беше диктирано од „Скај“, околу ТВ-преносите.

Но, тоа било само еден од гестовите на Ферги кон дамата. Откако дознал дека Алис повеќе не може да присуствува на натпреварите на „Олд Трафорд“, бидејќи и ослабил видот, легендарниот Шкотланѓанец и ја платил операцијата на очите.