Футсал играчот на Картагена, Солано, го има потегот за фер-плеј на годината, иако само што започна 2020.
Тој на дуелот против Сарагоса, при водство на својот тим од 2-0, имаше идеална шанда да ја зголеми предноста, но за погоди во празниот гол, тој ја исфрли топката во аут. Причина за таквата одлука е тоа што еден од противничките фудбалери лежеше на теренот, жалејќи се на повреда.
Публиката го награди ваквиот потег со аплауз, а на крајот мечот заврши 5-5.