среда, 20. ноември 2019. Вести денес: 181
home Фудбал

Фелипе ја напушти Шкендија

Фелипе ја напушти Шкендија

Бразилецот Хуан Фелипе ја прекина соработката со тетовскиот клуб Шкендија, соопштија од клубот.

Оттаму додаваат дека договорот е спогодбено раскинат по само три месеци од новата сезона.

– Шкендија му се заблагодарува на Хуан Фелипе за неговиот придонес во црвениот дрес за време на периодот додека беше со нас. Му посакуваме среќа во иднина, се вели во соопштението на Шкендија.