сабота, 19. јуни 2021. Вести денес: 0
home Фудбал

Федерер го најави својот кам-бек на турнирот во Доха

Федерер го најави својот кам-бек на турнирот во Доха

Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер ќе игра во март на турнирот во Доха. Триесет и деветгодишниот спортист не се појави на теренот од јануари 2020 година, кога загуби од Србинот Новак Ѓоковиќ во полуфиналето на Австралија опен.

Федерер потоа го повреди коленото, по што беше подложен на две операции.

– Долго време размислував кога и каде да се вратам. Враќањето на Австралија опен е рано за коленото. Штета, затоа што навистина сакам да играм на овој турнир. Турнирот во Доха не го пропуштам само поради коленото. Сакам да се вратам на помал турнир за да не добивам големо внимание и стрес, изјави Федерер за швајцарскиот радиодифузер „СРФ“.

Турнирот во Доха ќе се одржи од 8 до 13 март.

ЕУРО 2020

Македонија