петок, 22. октомври 2021. Вести денес: 0
home Фудбал

Фаулер со препорака до Ливерпул како да постапи во преговорите со Салах

Фаулер со препорака до Ливерпул како да постапи во преговорите со Салах

Мохамед Салах и натаму преговара со Ливерпул за нов договор, а поранешниот напаѓач на „црвените“ вели дека не само што клубот треба да ги прифати условите на фудбалерот, туку ќе има и двоен профит од ваков епилог.

Шпекулациите се дека Салах бара неделна плата од 500.000 фунти, што би го направило играч со најголема плата во Ливерпул и Премиер лигата, а во Ливерпул стравуваат како таа информација би се одразила на останатите ѕвезди.

Фаулер смета покачувањето на платата на Салах ќе ја обедини екипата.

– Салах е светска класа и според мене нема да име негативни реакции во соблекувалната поради зголемувањето на неговата плата.

– Ливерпул мора да сфати дека Мо е еден од најдобрите фудбалери во светот и се што доаѓа со тој примат, па не верувам дека ќе предизвика проблеми во односите со другите играчи. Кој може да каже дека Салах не заслужува таква плата, неговите игри во моментов му носат гаранција за потежок договор, – изјавил Фаулер.

Актуелниот договор на Салах истекува во 2023 година.

Локални избори 2021