вторник, 27. октомври 2020. Вести денес: 74
home Фудбал

Фати: Играњето со Меси е сон што го имав уште од детството

Фати: Играњето со Меси е сон што го имав уште од детството

Напаѓачот на Барселона, Ансу Фати, кој синоќа постигна два гола на мечот од 3. коло на Шпанскиот шампионат против Виљареал (4:0), ја забележа важноста на напаѓачот Лионел Меси за неговиот развој.

Да играм со Меси е сон што го имав уште од детството. Сега тоа стана реалност. Лионел ми дава многу совети. Тој многу ми помага и на теренот и на тренинзите, надвор од фудбалот. Ме прави среќен.
Сакам да продолжам да напредувам секој ден и да учам од моите соиграчи, бидејќи тие се најдобри на светот. Секој ден се обидуваат да ми помогнат, изјави Фати.

Оваа сезона, 17-годишниот Фати одигра еден натпревар за каталонскиот клуб и одма се наметна како сериозен претендент за првиот состав.

Коронавирус