среда, 27. октомври 2021. Вести денес: 148
home Фудбал

Фантастичен гест на Англија во пресрет на мечот со Данска

Фантастичен гест на Англија во пресрет на мечот со Данска

Фудбалската репрезентација на Англија в среда вечер ќе му оддаде признание на данскиот репрезентативец Кристијан Ериксен, кој на вториот ден од Европското првенство колабираше на теренот против Финска.

Ериксен на 12 јуни доживеа срцев удар кој трајно го оддалечи од првенството, а и му го одреди понатамошниот тек од кариерата.

Имајќи предвид дека долго време настапуваше во Англија за Тотенхем, репрезентативците на „Гордиот Албион“ предводени од поранешниот соиграч на Данецот Хари Кејн, одлучија да покажат почит и солидарност со доскорешниот играч за врска на Интер.

Англичаните решија да направат специјален дрес со бројот 10 на кој ќе стои името на Ериксен и ќе има потпис од сите репрезентативци на Англија, а дресот лично на капитенот на Данска Симон Кјаер ќе му го предаде Кејн.

Како што пренесува „Мирор“, оваа идеја ја иницираше поранешниот соиграч на Ериксен во Тотенхем, Киран Трипие, кој длабоко бил погоден од целиот случај со капитенот на Данска, па предложил ваков гест доколку дојде до средба на двете репрезентации на ЕП. Сега тоа и ќе се случи бидејќи Данска и Англија играат во полуфиналето на ЕП, а мечот се игра в среда од 21 часот.

Локални избори 2021