вторник, 21. август 2018. Вести денес: 73
home Фудбал

Фановите на Реал Мадрид го претпочитаат Мбапе пред Нејмар

Фановите на Реал Мадрид го претпочитаат Мбапе пред Нејмар

Поголемиот дел од фановите на Реал Мадрид дефинитивно претпочитаат Килијан Мбапе да биде новата голема ѕвезда на тимот, наместо Нејмар. Барем така вели анкетата на веб-страницата на весникот „АС“.

Како што е познато, „кралскиот“ клуб е поврзуван и со двајцата фудбалери на ПСЖ, кои во моментов се со своите репрезентации на Светското Првенство и имаат сериозен придонес во нивниот пласман во четвртфиналето.

Но додека Мбапе ги инспирира навивачите на Франција со извонредната брзина, Бразилецот дава и прилики да биде критикуван поради честите симулации при дуелите.

Можеби токму тоа е во основата и на резултатот во анкетата на шпанското издание, според кој 89,5 отсто од учесниците гласаа за младиот француски репрезентативец пред поранешниот напаѓач на Барселона. Вкупниот број на учесници не е мал – над 180.000, што исто така треба да се земе во предвид.

Мбапе покажа одлична игра против Аргентина со два гола и освоен пенал при успехот со 4:3 и сега се надева на слично претставување и против Уругвај денеска од 16 часот.

Нејмар и компанија пак ќе имаат тешка задача против Белгија во вечерниот термин.