сабота, 19. октомври 2019. Вести денес: 0
home Фудбал

Фановите го избраа идеалниот тим на Светското првенство

Фановите го избраа идеалниот тим на Светското првенство

Напаѓачот на Португалија, Кристијано Роналдо, младата ѕвезда на Франција Килијан Мбапе и Хари Кејн од Англија, кој стана и голгетер број 1, се тројцата фудбалери со најмногу гласови во идеалниот тим на СП 2018 во анкетата на навивачите, направена на сајтот на ФИФА.

Иако Португалија отпадна уште во осминафиналето од Уругвај, Роналдо не ја губи љубовта и почитта на обичните луѓе. Хари Кејн и Мбапе беа едни од најзначајните фигури на Светското првенство во фудбал, кое заврши во неделата.

Неговиот голем ривал во последните години за светскиот фудбалски трон Лионел Меси, не е селектиран.

Целосната 11-ка, според мислењето на навивачите, изгледа вака: Тибо Куртоа (Белгија), Рафаел Варан (Франција), Тиаго Силва (Бразил), Диего Годин (Уругвај), Марсело (Бразил), Лука Модриќ (Хрватска) Филипе Кутињо (Бразил), Кевин Де Бруин (Белгија), Килијан Мбапе (Франција), Хари Кејн (Англија), Кристијано Роналдо (Португалија).