петок, 6. декември 2019. Вести денес: 83
home Фудбал

Европскиот шампион реди порази (ВИДЕО)

Европскиот шампион реди порази (ВИДЕО)

Во пријателски натпревар одигран во Бостон (САД), Севиља го совлада бранителот на титулата во Лигата на шампионите, Ливерпул, со конечен резултат 2:1.

По поразот со 3:2 од Борусија Дортмунд, играчите на германскиот менаџер Јурген Клоп претрпеа нов пораз овојпат од шпанскиот клуб.

Друг интересен факт е дека Шпанците успеаја да триумфираат со фудбалер помалку на теренот откако Јорис Нијанон беше исклучен во 76 минута.

На овој дуел видовме и еден несекојдневен момент кога се во прашање тест средбите поради груб прекршок над Јасер Ларуци.

Нолито (37) и Алехандро Поцо постигнаа голови за Андалузијците, а Дивок Орижи (44) реализираше за англискиот гигант.

Тоа беше четврти последователен успех за Севиља во контролните средби, а следниот меч ќе го играат против Хофенхајм на 3 август.

Редси пак се соочуваат со Спортинг Лисабон на македонскиот репрезенативец Стефан Ристовски на 25 јули.