понеделник, 1. јуни 2020. Вести денес: 140
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Фудбал

Евра кариерата ја продолжува во Вест Хем

Евра кариерата ја продолжува во Вест Хем

По тримесечна пауза без клупски обврски, Патрис Евра ќе продолжи со натпревари како фудбалер на Вест Хем, објавија британските медиуми.

Французинот последен ангажман имаше во Олимпик Марсеј, но по инцидентот со еден навивач кого Евра физички го нападна пред натпревар од Лига Европа со Виторија Гимараеш, доби раскин на договорот.

УЕФА го суспендира Евра до крајот на сезоната, но тоа не го спречува Евра да игра за лондонскиот клуб во Премиер лигата.

Како фудбалер најголем успех доживеа со Манчестер Јунајтед со кого освои девет титули. Беше член и на Монако, Јувентус, Ница и Монца.

Коронавирус