петок, 27. ноември 2020. Вести денес: 158
home Фудбал

Евертон со најмногу примени голови во историјата на Премиер лигата

Евертон со најмногу примени голови во историјата на Премиер лигата

Последниот натпревар од 16.коло во англиската Прмиер лига меѓу Евертон и Вотфорд заврши нерешено 2:2. Двата примени гола го искачија Евертон на врвот на листата екипи со најмногу голови во историјата на лигата.

Сепак, треба да се има во предвид дека Евертон е една од шесте екипи која никогаш не испаднале од најквалитетното фудбалско првенство на Островот.

Тимот од Ливерпул досега топката од својата мрежа ја вадел 1.284 пати. Втор на листата е Тотенхем со 1.283 примени гола. Трет е Вест Хем со 1.239.

Лидерот на табелата во Премиер лигата, екипата на Ливерпул е седма со 1.030 голови, Арсенал е осми со 982, Челзи деветти со 971, а по него е Манчестер Сити со 961 примен гол.

Коронавирус