вторник, 4. август 2020. Вести денес: 190
home Фудбал

Евертон притиска за дефанзивец на Реал

Евертон притиска за дефанзивец на Реал

Евертон е на пол-позиција за дефанзивецот на Реал Мадрид, Серхио Регилон, за кого нуди 20 милиони евра.

Неколку други клубови го сакаат Шпанецот, кој, сепак, е сериозна цел на Карло Анчелоти за левата страна од одбраната, откако Лејтон Бејнс ја заврши кариерата.

Регилон беше прогласен за најдобар на својата позиција во Ла Лига за оваа сезона, откако заблеска за Севиља, каде беше на позајмица и сигурно има сериозен интерес за него.

Се верува дека шпанскиот шампион ќе се согласи да го продаде 23-годишниот играч, бидејќи на клубот му се потребни средства, а Зинедин Зидан има доволно квалитет во левата одбранбена зона, каде се и Ферлан Менди и Марсело.

Кај „карамелите“, Лука Дин е неспорен бр.1 на позицијата, но со евентуално привлекување на Регилон, опциите за Анчелоти ќе станат многу подобри и затоа тој силно го сака играчот на Реал.

Коронавирус