вторник, 1. декември 2020. Вести денес: 2
home Фудбал

Евертон може да замине во Евертон

Евертон може да замине во Евертон

Премиерлигашот Евертон покажува интерес за напаѓачот на Гремио и репрезентацијата на Бразил, Евертон, пренесува „Скај спортс“. Новиот тренер на тимот од Ливерпул, Карло Анчелоти, бара засилување во нападот, откако го смени системот во 4-4-2.

Извршниот директор на бразилскиот клуб, Клаус Камара, го потврди интересот на Британците, но истакна дека сè уште не е примен официјална понуда.

Дваесет и тригодишниот напаѓач настапи на 57 натпревари во сезоната 2019 и постигна 20 голови.

Во 2018 година Евертон дебитираше во репрезентацијата на Бразил. На неговото конто во дресот на „кариоките“ се три гола на 14 натпревари.

Коронавирус