среда, 20. ноември 2019. Вести денес: 5
home Фудбал

Еве кои тренери чекаат неуспех на Зидан во Истанбул

Еве кои тренери чекаат неуспех на Зидан во Истанбул

Кризата во Реал Мадрид ги радува неколку тренери, кои во позадина чекаат и се надеваат на промена на Зинедин Зидан.

Главен фаворит за жешкото столче на „Сантијаго Бернабеу“ е Жозе Мурињо. Португалецот подолго време „кокетира“ со можен кам-бек во шпанската престолнина, а поголема шанса од оваа нема да има во својата кариера.

Веднаш по него е Масимилиано Алегри, кој е фаворит кај голем дел од членовите на бордот на директори на „кралевите“.

Скоро сигурно е дека клубот нема да се одлучи за неискусен тренер, како Раул или Чаби Алонсо, кои би добиле само функција како помошници во сегашната ситуација.

Ако Реал победи кај Галатасарај, Зидан ќе преживее и ќе остане да си ја врши работата. Сепак, јасно е дека се чека неговиот прв голем кикс, за да следи очекуваната промена.